planning

ЗА НАРКОНОН  ПРОГРАМАТА

Нарконон Програмата се состои од една серија на прецизни чекори, создадени да се ослободат нарко-зависниците од дрога,алкохол и кoмар ,и да им се помогне да водат почесен живот. Програмата е комплетно едукативна, поделена во 8 чекори во едно средно времетраење од 6-9 месеци. Бидејќи поголемиот дел од чекорите се однесуваат на учењето, гостите во еден НАРКОНОН центар се нарекуваат студенти(бидејќи го изучуваат сопствениот живот,и како да го корегираат).

+ повеќе

planning

ИЗЈАВА НА ЗАВРШЕН СТУДЕНТ

 

Знам како е таму, бев таму девет години. Барав нешто што не постои, и толку упорно го барав што тотално се изгубив лутајќи низ сите правци кои всушност не водеа никаде освен во пропаст. Дури кога го допрев дното дознав дека неможам да копам уште подолу и дека под дното не постои ништо друго освен тотален неуспех за мене и мојата фамилија. Сега дознав во што била работата,и знам како да продолжам понатаму во животот.Верувам во себе и Тие околу мене веруваат во мене.

 

+ повеќе...

planning

НАРКОНОН Програмата посебно се истакнува

Веднаш може да се започне,со одобрение oд лекар и влезно интервју за упис..Речиси безболно симнување од дроги со 24-часовен надзор. Пријатна и фамилијарна атмосфера во природа
НЕ се користат други дроги, како Метадон или слично.

+ повеќе

 

 

planning

ПОТРЕБНА ВИ Е ПОМОШ?

Ви стоиме на располагање 24/7 за совет и помош. Прегледајте ги внимателно содржините на нашата интернет презентација и превземете ги вистинските чекори за Вас. Ви ја гарантираме анонимноста и заштитата на Вашите приватни информации. Зачленете се на Нашите страници доколку сакате да партиципирате активно во дебата, да пренесете сопствено искуство или да Ни го посочете Вашиот проблем.

+ повеќе

Цели Задачи и Дејност

 

Целите,задачите и дејноста на здружението се едукација,превенција и рехабилитација од зависности. Едукацијата и превенцијата здружението ја врши преку организирање на предавања и советувања со Цел продлабочување на свеста за опасностите од злоупотребата на дрогите и другите психоактивни супстанции,презентирање на вистинските факти за нивното влијание врз човечкиот организам за да се избегнат страшните ефекти од злоупотребата и младината да чекори кон среката и подобриот живот без дроги. Решавањето на проблемите од злоупотребата на дрогата,преку остварување на активности за формирање на Центар за прифакање на секој заинтересиран граганин кој злоупотребувал дроги,алкохол и други психоактивни супстанци и кој има намера да се рехабилитира во своето семејство,училиште,факултет,на работа и во општеството. Остварувањето на овие активности се извршува преку единствена НАРКОНОН-ПРОГРАМА во светот што овозможува откажување од употребата на дрогата,детоксификација на организмот и испорачување на курсеви на зависниците со цел подобрување на животот,достигнување на нов квалитет на истиот без дрога,учење на неопходните животни вештини,справување со проблемите и враќање во нормален живот,со можност да достигнат висок степен на ментална стабилност. Зголемување на јавната свест и остварување на поширок општествен интерес за намалување на штетните последици од употребата на дрогите,алкохолот и други психоактивни супстанци. Пружање на помош на граѓаните да достигнат способност на избор што посвесни и поодговорни,да го откријата потенцијалот на сопствениот морален и интелектуален квалитет на тој начин што интелектуално ке ги доведат до соочување со другите,едуцирајки ги кон вистината и слободата. Здружението целите и задачите ке ги остварува преку квалификувани волонтери,вработени и советници обучени според технологијата и применливите методи на филозофот Л.Рон Хабард

 

YOU ARE HERE: Home

АПСТИНЕНЦИЈА

Синдромот на лишување (апстиненција) од хероин, метадон, кокаин, алкохол, па дури и многу лекови може да биде толку ужасен, што би го спречил секој обид на наркоманот да се ослободи од дрогата. Всушност, многу е полесно соочувањето со постојаната зависност, отколку тортурата на апстиненцијата...

ТЕРАПЕВТСКИ ТРЕНИНГ

Л. Рон Хaбард има развиено една цела серија на вежби кои ја подобруваат способноста за соочување со животот и луѓето, и истовремено подучуваат како подобро да се комуницира. Овие вежби се викаат ТР-ни (Тренинг Рутини).

ДЕТОКСИФИ КАЦИЈА

Програмата се спроведува под лекарска контрола и предвидува секојдневно трчање, сауна и примање на витамини и минерали со цел да се отстранат акумулираните токсични супстанции.

ПОДОБРУВАЊЕ

Процесот на рехабилитација кој се спроведува во Нарконон центрите содржи една цела серија на курсеви. Од животна важност е студентите да научат како треба да учат.